Новиот бран на коронавирус го одложува отворањето на границите на ЕУ кон Западен Балкан?

од Aleksandar Petrovski
130 прегледи

Земјите-членки на ЕУ ќе ги земат предвид најновите епидемиолошки податоци од регионот при одлучувањето за отворање на надворешните граници на ЕУ со земјите од Западен Балкан, што е планирано за 1 јули, велат од Европската комисија.

На 11 јуни, Европската комисија предложи земјите од Западен Балкан да бидат први на списокот на земји на кои ќе им биде дозволен влез во Шенген зоната од 1 јули.

Тогаш беше оценето дека ЕУ е во ситуација постепено да ги укинува ограничувањата на надворешните граници на ЕУ кон трети земји кои се во „слична или подобра“ епидемиолошка ситуација од 1 јули.

По последните податоци за зголемувањето на бројот на ново заразени со вирусот КОВИД19 низ Западен Балкан, Брисел потенцира дека внимателно го следат развојот на епидемиолошката состојба во регионот.

– Препораките за укинување на патните ограничувања со земјите од Западен Балкан не се однесуваат само на епидемиолошката состојба, туку и со близината на интеграцијата што регионот ја има со ЕУ и нашите односи – наведува Комисијата.

Се додава дека конечната одлука за тоа кои земји ќе бидат на списокот на држави на кои ќе им се овозможи бесплатен влез во ЕУ од 1 јули ќе ја донесат земјите-членки.

– Разговорите за тоа во моментов се одвиваат во Советот на ЕУ, а одлуката што ќе треба да ги земе предвид најновите епидемиолошки податоци е на државите членки – наведува Комисијата.

На 17 март, ЕУ ги затвори своите надворешни граници кон сите незадолжителни патувања со цел да го запре ширењето на пандемијата КОВИД-19.

Ограничувањата за влез во Шенген се очекува да траат до 30 јуни, кога се планира да започне со постепено и координирано отворање на надворешни гаранции.

Критериуми што треба да се земат предвид при постепено отворање на надворешните граници на ЕУ кон трети земји се епидемиолошката состојба, мерките за заштита при патувањето и принципот на реципроцитет.