Директорот на Општата болница во Нови Пазар, Мехо Махмутовиќ, изјави денеска дека 20 лекари и скоро 40 медицински сестри во таа болница биле заразени со коронавирусот, пишуваат српските медиуми.
„Тие се разболеа на работа, короната дојде однадвор“, изјави Махмутовиќ за РТВ Нови Пазар.
Тој рече дека загрижувачки е што сите пациенти кои дошле во последните 15 дена и кои биле позитивни за вирусот корона, беа многу тешки пациенти со посериозна општа состојба.
Дури и оние со поблага клиничка слика имаат треска неколку дена и се онесвестуваат.
„Веднаш влеговме во вториот бран од првиот. Нашиот вирус мутираше и е многу посериозен отколку што беше“, рече Махмутовиќ.
Според него, врвот на епидемијата се очекува да расте уште седум дена, а потоа ќе почне да опаѓа.