Средбата во Белата куќа е првиот вистински чекор кон можен договор Белград-Приштина, смета Столтенберг

од Vladimir Zorba
102 прегледи

Јенс Столтенберг оцени дека претстојната средба меѓу Хашим Тачи и Александар Вучиќ во Белата куќа е „првиот вистински чекор кон можен договор“.

„Вучиќ и Тачи овој пат може да бидат насочени кон изнаоѓање конечно заедничко политичко решение“, рече генералниот секретар на НАТО, Столтенберг во писмениот одговор на „Гласот на Америка“.

Тој потсети на долгорочниот ангажман на НАТО во Западен Балкан, започнувајќи со „запирање на две војни – во Босна и Херцеговина и Косово, до сегашната мисија на КФОР, која траеше две децении“, потенцирајќи дека Србија е исто така партнер на НАТО.

Отсуството на ЕУ од разговорите во Вашингтон не е проблем за НАТО.

„Ние го поддржуваме дијалогот организиран од Унијата, како и сите други напори во насока на приближување на Белград и Приштина. Јас сум цврсто убеден дека Соединетите држави и Унијата знаат како да ги координираат своите напори на тоа поле“, истакна Столтенберг.

Тој додаде дека „никој нема право да диктира решение“ и дека „само Белград и Приштина можат да го произведат исходот што го сакаат“.

„Никој однадвор не може или не смее да го наметне. Улогата на САД и ЕУ се сведува на обезбедување поддршка за ваков взаемно прифатен процес, што може да доведе до решение“, рече Столтенберг за ВOA.