Осумдесетгодишниците Раде и Смиљана Богојевиќ од селото Жираќ, чија куќа не е далеку од манастирот Студеница, веројатно се првите жртви на поплавите во областа на Краљево. Мештаните изјавуваат дека надојдената река Студеница вчера делумно го сменила својот тек и ја „опколила“ семејната куќа на Богојевиќ.

Нивниот син, кој живее недалеку од куќата на неговите родители, но на поголема височина, последен пат успеал да разговара со нив вчера околу шест часот. Во текот на денот, имаше неколку обиди на спасувачите да се приближат кон куќата на Богојевиќ. Спасувачките екипи од Краљево, и покрај бројните обиди, не успеаја да се приближат кон куќата каде се наоѓаше брачната двојка Богојевиќ, така што попладне, хеликоптер на Министерството за внатрешни работи беше испратен во Студеница.
Еден спасувач успеа да стигне до куќата, но не можеше да ги најде Богојевиќ во неа.
Потрагата по брачниот пар беше прекината синоќа. Се претпоставува дека осумдесетгодишниот пар се удавиле кога се обиделе да ја напуштат куќата и дека надојдената река им ги однела телата.