Утрово во Скопје, на повеќе локации во Центар и Чаир, како и по должината на кејот на реката Вардар, осамнаа поголем број на транспаренти со пораки насочени кон подигнување на свесноста за личната одговорност во борбата со коронавирусот.

Оваа иницијатива доаѓа во момент кога здравствените работници и соодветните државни служби водат огромна битка за зачувување на здравјето на граѓаните на Северна Македонија, но исто така и период во кој има бројни обвинувања во јавноста за непостапување на МВР и техничкиот министер Наќе Чулев во рамки на нивните надлежности за спроведување на мерките за заштита од вирусот.