Идентификувани се учесниците во тепачката во селото Облешево. Продавачи на зеленчук поради расправија за паркирање на возилата се степале со дрвени стапови среде улица.
Вчера околу 12:15 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на автобуското стојалиште во село Облешево, поради меѓусебни недоразбирања околу паркирање возила, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу две групи на лица, сите од село Баница, Струмичко.
„Од страна на полициски службеници на сите учесници во пресметката изготвени им се записници за констатиран прекршок по член 11 став 3 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир“, соопшти МВР.
https://www.facebook.com/125372924161452/videos/831207680738825/?__so__=watchlist&__rv__=video_home_www_playlist_video_list