
Во Хрватска се потврдени 80 случаи повеќе на заразени со коронавирусот во однос на вчера, а нови податоци сè уште се очекуваат.
Во последните 24 часа, во Хрватска се регистрирани 95 новозаразени со вирусот, а вкупниот број се зголеми на 2.483 лица од почетокот на епидемијата.
Најголем број заразени лица е забележан во округот Осијек-Барања – 40. Во Хрватска се тестирани 74.657 лица од почетокот на пандемијата, од кои 919 во последните 24 часа.
Во болница има 42 лица. Вкупниот број на загинати е сè уште 107, објави Националниот штаб за цивилна заштита.
Само во Ѓаково, регистрирани се 38 новозаразени лица. Загреб има 28 нови случаи на заразени со Ковид-19.