Членот на италијанскиот парламент, Виторио Згарби, бил изнесен од собраниската сала, откако тој извикувал навреди на сметка на другите пратеници.
Згарби, кој долго време е во политиката, а во најголем дел во партијата на поранешниот премиер Силвио Берлускони „Форца Италија“, е познат по непристојните вербални испади во телевизиските емисии, пренесуваат медиумите. Тој неколку пати е осудуван за клевета.
За време на парламентарната седница, Згарби го нападнал судскиот систем, споредувајќи некои обвинители со мафијаши.
https://www.youtube.com/watch?v=3a_nOev7dew&feature=emb_title
И покрај повикот на претседателката на Собранието, Мара Карфања за мир во салата, тој продолжил да ги навредува неа и другите пратеници, сè додека обезбедувањето не го извадило.
Згарби претходно се пофалил дека имал секс во парламентот со пратенички и актерки, а во пресрет на изборите во 2018 година, тој објавил видео со спуштени пантолони, во кое го навредувал својот политички противник, претседателот на тогашното антивладино движење „Пет ѕвезди“, Луиџи де Мајо.