
Челси го совлада Манчестер Сити со 2:1 на „Стемфорд Бриџ“ во драматичен натпревар со кој ја обезбеди титулата Ливерпул.
„Сините“поведоа по брилијантниот индивидуален пробив на Пулишиќ во 36-тата минута. Екипата на Гвардиола одговори во второто полувреме. Де Бруин изедначи од фаул во 55. минута. Следеше многу силен период за гостите, во кој Стерлинг удри греда.
Пулишиќ промаши за втор гол откако Кајл Вокер ја исфрли топката надвор од голот по неговиот удар. Фернандињо доби црвен картон во 78-та минута за играње со рака, а од пенал Вилијан ја донесе победата на Челзи.
По 30 години чекање, Ливерпул повторно е шампион на Англија. Во фантастична сезона за тимот од Мерсисајд, во која имаат само еден пораз, ја обезбедија титулата седум кола пред крајот.
Во срцето на триумфот е менаџерот Јирген Клоп. Германецот изгради тим кој ја освои 19-тата титула во историјата на клубот.
WE’RE PREMIER LEAGUE CHAMPIONS!! 🏆 pic.twitter.com/qX7Duxoslm
— Liverpool FC (at 🏠) (@LFC) June 25, 2020
Откако остана на бод зад Манчестер Сити минатата сезона, а пандемијата на коронавирус го прекина шампионатот три месеци, „црвените“ се на врвот.
Тие нема да можат да ја прослават титулата како што сакаат, но тоа ќе биде мало разочарување во позадина на долгоочекуваниот успех.
LOOK AT ANFIELD! 30 YEARS! 🏆 pic.twitter.com/SjquHKO6Ke
— Anfield Watch (@AnfieldWatch) June 25, 2020