Лукашенко: Не можам да ја оставам земјата сама ниту една минута – ќе ја запалат (видео)

од Nikola Popovski
170 прегледи

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко изјавил дека не смее да ја остави земјата ниту една минута, затоа што без него, веднаш се појавуваат проблеми.

На 24 јуни Лукашенко присуствувал на Парадата на Победата во Москва. Во истиот ден, проблеми со квалитетот на водата се случилд во два региони на Минск. За време на поправката на цевките, во нив останала вода, која не била испумпана на време и подоцна влегла во становите.

„Пристигнав и сè уште не вечерав кога слушнав: имаме проблем со водата во Минск. Тие се како деца, не можам да ги оставам ниту една минута. Морам да кријам и кибрит од нив, во спротивно ќе ја запалат земјата“, изјавил белорускиот претседател.

Тој им се закани на службените лица кои се виновни за ситуацијата дека сами ќе ја пијат водата и со неа ќе готват ручек.

„Зошто го велам ова? Диктатурата е лоша. Меѓутоа, кога ќе го решиме најтешкиот проблем преку ноќ, тогаш диктатурата е добра. Тоа нема никаква врска со диктатурата, мора да има одговорност. Можеше да биде полошо“, додал тој.