129
Денес премиерот на Албанија, Еди Рама, ќе започне со дводневна посета на Косово, за време на која ќе се сретне со лидерите на институциите и политичките партии на Косово.
Како што дозна koha.net, Рама прво ќе се сретне со претседателот на Социјалдемократската иницијатива, Фатмир Љимај, а потоа и со лидерите на Демократската алијанса на Косово, Иса Мустафа и со Демократската партија на Косово, Кадри Весели.
Предвидени се состаноци со косовскиот претседател Хашим Тачи, премиерот Авдулах Хоти и претседателот на парламентот, Вјоша Османи.
Како што дозна koha.net, средбата меѓу Рама и Тачи е закажана за 18,50 часот, непосредно пред најавеното обраќање на Тачи до граѓаните на Косово во врска со обвинението на специјалниот обвинител во Хаг.