Сервер: Тачи да си даде оставка, потребен е баланс

од Vladimir Zorba
117 прегледи

Американскиот стручњак за Балканот, Даниел Сервер, оцени дека претседателот на Косово, Хашим Тачи, треба да си даде оставка доколку обвинението против него се потврди во Специјалниот суд.

Сервер напиша во текст објавен на веб-страницата Peacefare.net дека Тачи треба да го стори тоа со достоинство и да оди во Хаг да се брани, потсетувајќи дека тоа го сторил и поранешниот премиер на пземјатаа, Рамуш Харадинај.

Сервер наведува дека обвинението против Тачи довело до шпекулации дека Европејците сега го објавиле затоа што не се согласувале со американската иницијатива за дијалог, но тој смета дека Американците тоа го сториле сами откако заклучиле дека средбата закажана за 27 јуни во Вашингтон, веројатно нема да донесе посакувано решение.

Според него, на Косово ќе и треба влада со мнозинство во парламентот и нов претседател.

Сервер верува дека ниту еден косовски премиер не смее да оди во Вашингтон или Брисел за да го продолжи дијалогот со Белград, без мнозинството во косовскиот парламент да му се приближи на српскиот претседател Александар Вучиќ, кој на неодамнешните избори освои убедлива победа.

За да се постигне тоа, Авдулах Хоти, кој ја презеде функцијата премиер пред помалку од два месеци, ќе треба да ја вклучи или Демократска партија на Косово или Движењето за самоопределување, што ја водеше краткотрајно владтаа пред Хоти, оценува Сервер.

Тој исто така верува дека по новите избори Самоопределување би имало уште посилна застапеност во парламентот, но тој посочува дека новите избори не одговараат на Приштина во овој многу важен момент.

„Ќе биде многу подобро ако се користи силата на Самоопределување без да се повторат изборите“, напиша Сервер.

Според него, Косово мора да се стабилизира, со прекинување на нападите врз Србите и нивниот имот, како и внатрешните конфликти меѓу Албанците.

Сервер верува дека нападите врз Србите му даваат причина на Белград да каже дека етничките групи треба да бидат поделени.

Истакнувајќи дека Белград и Приштина мора да ги подобрат политичките и економските односи, Сервер проценува дека дијалогот спонзориран од ЕУ нема значителни резултати од 2013 година, но дека Брисел сè уште одржува клучни стимулации за нормализација меѓу двете страни.

Исто така, Сервер посочува дека во овој момент најважно е рамнотежата на моќта на Балканот, дека Србија е веќе силна, а тоа зајакнување на, како што рече, „државата Косово“, е предуслов за подобар резултат.