ВМРО-ДПМНЕ: Додека епидемијата коси во земјава, министерот за здравство тера партиски кампањи

од Берта Китинска
93 прегледи

ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека за министерот за здравство Венко Филипче е поважно да статира во спотови на, како што велат, Зоран Заев, отколку да работи на запирање на вирусот.

„Додека Венко Филипче тера партиска кампања, се појавува на митинзи и се препукува политички, во Македонија коси епидемијата со коронавирусот. Откако Филипче и здравствените власти ги олабавија мерките, по нарачка на Заев, во Македонија настана новиот пик. Во овие дваесетина дена бројот на заболени се зголеми двојно во споредба со целиот период претходно. Бројот на починати е околу 300, а заболени над 6200. Со тоа Македонија е убедлив рекордер во регионот по заболени и починати на милион жители“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Слични содржини