Фетаи: Новиот закон ни дава шанса за борба против криминалот

од Берта Китинска
369 прегледи

Јавната обвинителка Фатиме Фетаи која беше дел од тимот на СЈО, вели дека законот за јавно обвинителство ни дава нова шанса за борба против криминалот.

„Со стапување на сила на новиот закон за јавно обвинителство, борбата за правда не застанува.Тоа единствено претставува една нова законодавна рамка која ни дава можност на сите обвинители заеднички на нов начин да се справиме и да се бориме против криминалот. Како и на кој начин ние тоа ќе го искористиме зависи од сите обвинителите“, изјави Фетаи.

Според новиот закон за јавно обвинителство кој стапува на сила од денеска, СЈО , кое беше формирано во 2015 година престанува со работа.

Обвинителството е подготвено за примена на одредбите од новиот закон, предметите на СЈО ќе добијат завршница, вели за МИА, јавниот обвинител Љубомир Јовески.

Слични содржини