180
Една родилка од Кичево, лекар и медицинска сестра се меѓу потврдените случаи на ковид-19 во Кичево. Во моментов во овој град активни се 25 случаи со новиот коронавирус.
Родилката, која е позитивна на вирусот е на домашно лекување и е во добра здравствена состојба, информираат од Министерството за здравство за „360 степени“.
Лекарот и медицинската сестра, како што велат од Министерството, се од приватни здравствени установи.
„Детектирани се два кластери, а останатите позитивни случаи се со локална трансмисија. Од вкупниот број случаи во изолација, 61 лице се со решение, а 27 со потпишана изјава“,велат од Министерството за здравство.