Германската авиокомпанија „Луфтханза“ им нуди на патниците тест за коронавирус на аеродромот во Франкфурт, а резултатите ги добиваат во рок од неколку часа, со цел да избегнат карантин.
Авиокомпанијата ги здружи силите со германската компанија „Centogene“, која во понеделникот отвори тест центар за поминување на аеродромот, за кој рекла дека ќе претставува „нацрт за отворање на меѓународни граници“, пишува „Фајненшл тајмс“
„Оваа постапка треба да им даде можност на патниците да бидат тестирани пред летовите во странство или во Германија, со цел да избегнат карантин“, рече Бјорн Бекер, директор на „Луфтханза“.
Тој додал дека за патниците од Германија во земји како што се Обединетите Арапски Емирати, тестот пред летот ќе биде доволен, додека кинеските власти може да бараат дополнителни тестови по слетувањето.
Луфтханза најавила дека ќе разгледа да понуди слична услуга во Минхен.
Патниците на „Луфтханза“ кои сакаат да ја користат услугата „Centogene“ на аеродромот во Франкфурт, ќе треба да платат и до 139 евра за брз тест и дополнителни девет евра за да го поврзат проверениот резултат со податоците на нивните пасоши.
Бавниот тест, кој дава резултат за шест до осум часа, е достапен за 59 евра, според ФТ.