Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека е „се повеќе лут“ на Кина заради пандемијата на коронавирус, особено во САД.

„Кога гледам како се шири пандемијата и штетата која и ја направи на САД, јас се повеќе сум лут на Кина“, твитна американскиот претседател.
Во САД 1.199 луѓе починале од коронавирус во последните 24 часа, објави универзитетот Џон Хопкинс.
Дневниот биланс е најлош од 10 јуни.