Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски кој беше хоспитализиран на инфективната клиника, има втор негативен тест на Ковид-19. Тој пред неколку дена беше примен со симтпоми на коронавирус, со покачена температура, но двата теста покажаа дека е негативен.
„Почитувани пријатели. И вториот лабораториски наод од земен брис испадна со негативни резултати.Се надевам дека овие неколку денови ќе следи успешно закрепнување и дека наскоро ќе се видиме во добро здравје и расположение.И ова ќе помине, а потоа на ред е обновата!Секое добро, Антонио Милошоски“, напиша Милошоски.
Почитувани пријатели, и вториот лабораториски наод од земен брис испадна со негативни резултати. Се надевам дека овие…
Публикувахте от Antonio Miloshoski в Четвъртък, 2 юли 2020 г.