Во гостувањето на ТВ Тера во Битола, заменик-претседателката на СДСМ – Радмила Шекеринска го коментираше новиот закон за ЈО, како и постојаните опструкции со кои се соочуваше правосудството во изминатите години.
-Јас не можам да сфатам како може еден кандидат за пратеник во нашава изборна единица Антонио Милошоски да не е достапен за судските органи да прими покана за суд. Знаете што ќе се случуваше. Тој е сега во изолација нели. Па може сега да го најдат полесно. Ама пазете партијата која денес зборува дека ќе ја обновеле правната држава нејзините луѓе не одат на суд, не се појавуваат, бегаат. Некој од нас тоа да го направеше секој ден сам за тоа ќе зборуваа.Тие имаат толку валкан образ што можат да си дозволат пред судот да не се појават.А да се појавуваат на избори да доаѓаат во ДИК, да се потпишуваат да земаат плата како пратеници, тоа можат. Јас како граѓанин не можам тоа да го сфатам, додаде Шекеринска.