Србија: Уште 325 новозаразени, 8 лица починаа

од Vladimir Zorba

Според последните податоци, заклучно со 15 часот биле регистрирани 325 новозаразени лица во Србија, а биле тестирани 7.434 лица.

Осум лица починаа во последните 24 часа, а на респиратор има 86 пациенти.

Од почетокот на епидемијата во Србија, потврдени се 15.829 случаи на коронавирус, а починале 306 лица.

Тестирани се вкупно 434.415 случаи, а во моментов активни се 2.347 случаи.

Стапката на смртност од последици поврзани со коронавирус во Србија е 1,93 проценти.

Слични содржини