Заев кон Мицкоски: Ние објавувавме автентични снимки, вие се криете зад портали и објавувате трети лица

од Vladimir Zorba
190 прегледи

„Секогаш поднесувавме кривична пријава, со докази, кај надлежни органи. Секогаш сме воделе транспаретни постапки, ние ја донесовме слободата и денес сите се слободни. Ние објавуваме прислушувани материјали директно, со автентичен глас, од почеток до крај, не вака како ВМРО ДПМНЕ што објавува гласови на трети лица. Имаме работа пред нас за следните четири години, без калкулација за личниот и партискиот рејтинг презедовме многу активности. Граѓаните сакаат понуда, повисоки плати, поголеми пензии, инвестиции, нови работни места.“, изјави лидерот на СДСМ, Зоран Заев во ТВ дуелот со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на МРТВ.

Заев потсети дека правдата се враќа и дека почнаа да одоговарата и оние кои порано биле недопирливи.

„Конечно имаме правда, осуден е јавен обвинител, осуден е сопственик на медиум, но знаат граѓаните се, сакаат понуда, им дадовме 60 отсто повисока минимална плата, и сега ќе ја зголемуваме повторно, исто и просечната плата ќе ја зголемиме до 34 000 денари. Во споредба со 11 години на ВМРО ДПМНЕ направивме двојно повеќе во сите области. Уште ова, ние сите аудио материјали, нелегално прислушувани, ги објавивме јавно, на прес конференција, не да се криеме за портали и да пуштаме гласови на трети лица, па на крај испадна бизнисменот од Црна Гора дека ги дал парите во време на ВМРО ДПМНЕ, иако снимката требаше да имплицира нешто друго. Затоа апелирам да се пронајдат сите кои нелегално прислушувале, и затоа имам кривична пријава поднесено, за да одговара секој, а со тоа да ги заштитиме граѓаните. Државата не прислушува, но приватно многумина прислушуваат и снимаат.“, категоричен беше Заев.

Слични содржини