
Во Словенија потврдени се уште 24 случаи на вирусот „Ковид-19“, со што се зголеми вкупниот број на пациенти во таа земја на 1.763, објавено е денес на веб-страницата на словенечката влада.
Како што се наведува, најновите податоци се во согласност со малку растечката, но сепак флуктуирачка крива, видена минатата недела, пренесува СТА.
Хоспитализирани се 14 пациенти, што е за два повеќе од вчера, а ниту еден од нив не е во единицата за интензивна нега.
Од почетокот на епидемијата во Словенија, од новиот коронавирус починаа 111 луѓе.