Вучиќ за протестите: Воопшто не ми сметаат

од Vladimir Zorba
178 прегледи

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави во четвртокот навечер дека немало полиција на протестот „веднаш штом не се направи обид да се влезе во зградата на Националното собрание“ и немало напади врз полицијата, наведувајќи дека ваква состојба имало во претходните осум години.

Во интервјуто за ТВ Пинк од Париз, Вучиќ рече дека протестите никогаш не му пречеле, но дека во моментот не се безбедни заради ширењето на инфекцијата со коронавирус.

„Правете што сакаш, воопшто не ми сметате. Без оглед колку тоа е неодговорно “, рече Вучиќ.

Според него, во 2017 година се организирале протести „околу 200 дена“, а следните протести „300 и нешто“.

„Никогаш не ми пречеле“, рече Вучиќ.