Десет илјади луѓе на улиците на Грција, полицијата употреби солзавец (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
121 прегледи

Грчката полиција употреби солзавец во четвртокот навечер за да ги растера демонстрантите кои се собраа пред парламентот за да изрази незадоволство од предлог-законот за ограничување на јавните демонстрации.

Облаци од чад можеа да се видат на плоштадот Синтагма, а како што објави „Ројтерс“, три полициски гасни бомби биле фрлени кон полицијата.

Освен Атина, протести се одржуваа и во 40 други грчки градови и во нив учествуваа околу 10 000 луѓе, пренесува АП.

Мала група на помлади луѓе го предизвика инцидентот, поради што други демонстранти, пред се оние со деца, се повлекоа од местото на настанот.