
Во последните 24 часа во Косово починаа уште осум лица од Ковид 19, додека 207 се новозаразени, соопшти Институтот за јавно здравје во Приштина.
Од почетокот на епидемијата во Косово, имало 4.307 позитивни за вирусот, меѓу обработени 26.916 сомнителни примероци.
Од Ковид 19 починаа 94 лица. Излекувани се 2.095, додека активни случаи се 2.118.