Тортевски: На малите партии не им остана ништо, не успеваме да се соочиме со вистинските креатори на општественета реалност

од Берта Китинска
270 прегледи

Претседателот на „Твоја партија“ Александар Тортевски денеска на прес-конференција посочи дека како нов политички субјект се соочиле со медиумска блокада од, како што рече, медумите поддржани од владеачките СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.

– Зборувам владејачките бидејќи тие се во една неверојатна спрега и многу добро се разбираат секогаш кога треба да ги делат државните пари, медиумскиот простор и влијанието врз медиумите. На малите партии не им остана ништо, моравме да се снаоѓаме и да се бориме со огромна блокада и за жал не успеваме да се соочиме со вистинските креатори на општественета реалност. „Твоја партија“ не се формираше за да ги спротистави своите ставови со новоформираните политички субјекти, туку да им каже на старите партии зошто чувствуваме потреба дека треба да се формираме, изјави Тортевски.

Додаде дека сакале на ТВ дебати да им постават прашања на лидерите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ, но оти, како што рече, овие партии успеале да ги избегнат одговорите.

Слични содржини