Дваесет и четиригодишната пациентка од Јегуновце, тетовско е најмладата пациентка досега која почина од коронавирусот.
Од Инфективната клиника вчера изјавија дека девојката немала претходни здравствени проблеми кој би придонеле за тешката здравствена состојба и се изненадени од вака лошата клиничка слика кај толку млад пациент.
Како што пишуваа во дел од медиумите пациентката била болна една недела пред да биде примена на Клиниката за инфективни болести на 28 јуни. Имала покачена температура, изразена малаксаност, кашлица и отежнато дишење. Четири дена била лекувана од матичен лекар, а поради влошена клиничка слика се јавила во тетовската болница, а потоа била префрлена на Инфективната клиника. Таа не била ставена на респиратор.
Младата пацинетка од Тетово се најде на листата на вчерашниот Ковид биланс, меѓу осумте починати во последното деноноќие.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 7975, бројката на оздравени пациенти е 4080, на починати е 376, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3519.