Филипче: Гласањето на болните од Ковид-19 досега се одвива без проблеми

од Берта Китинска
206 прегледи

Формирани се избирачките одбори со лекари за одвивање на изборниот процес кај болните од Ковид-19 и лицата во самоизолација, тие се снабдени со соодветна заштитна опрема, гласањето се спроведува и досега нема информации за какви било проблеми, изјави денеска во Свети Николе министерот за здравство Венко Филипче.

На ниво на цела држава денеска право на глас имаат 706 лица болни од Ковид-19 и во самоизолација, додека утре предвидено е да гласаат болните и немоќните чиј број изнесува 8.852, лицата во 13 Казнено-поправни установи и тоа 1.657 и шест внатрешнораселени лица.  Во 17 старски домови правото на глас ќе можат да го остварат 357 гласачи.

Слични содржини