Австрија забрани слетување на авиони од Западен Балкан

од Vladimir Zorba
121 прегледи

Со цел да се избори против пандемијата од коронавирус, Австрија го прошири списокот на земји, за кои важи забраната за слетување на австриските аеродроми, на сите земји од Западен Балкан.

Новиот указ на Министерството за здравство го прошири списокот од осум на 18 земји.

Од четврток авионите од сите земји од Западен Балкан, Бугарија, Романија, Молдавија и Египет веќе нема да можат да слетаат на австриските аеродроми.

Претходно, веќе беше на сила забраната за летови од Белорусија, Кина, Велика Британија, Иран, Португалија, Русија, Шведска и Украина.

До крајот на јули ќе бидат откажани летовите до и од Белград, Букурешт, Каиро, Подгорица, Сараево, Сибиу, Скопје, Софија, Тирана и Варна.

Според декретот, постојат исклучоци, но ова вклучува само „летови во интерес на Австрија“, како и слетување на карго-авиони, авиони што ги превезуваат болните или ги враќаат австриските граѓани, односно транспорт на медицински и земјоделски работници.