Стоматолозите почнаа да наплаќаат „корона такса“: Се правдаат на трошоци за дезинфекција

од Aleksandar Petrovski
131 прегледи

Се повеќе стоматолошки ординации во Швајцарија наплатуваат посебна „корона такса“, што наиде на остра критика од Друштвото за заштита на потрошувачите.

Претходно, фризерите воведоа посебни такси, оправдувајќи го тоа со трошоците за дополнителна дезинфекција.

Сега, стоматолозите одлучија да го преземат овој чекор и да наплатат „надомест за дезинфекција на работното место“ на штета на пациентите.

Таа такса не е мала, а во Цирих некои ординации наплаќаат дополнителни 15,30 франци.

Надлежните органи објаснуваат дека „надоместокот за дезинфекција на работното место“ не е ништо ново, но дека од јануари 2018 година е составен дел на стоматолошката тарифа.

Сепак, досега, најголем дел од стоматолозите не ја искористија оваа опција.

Сега, велат од Здружението на стоматолози, поради вирусот на корона, стоматолозите имаат поголеми трошоци за дезинфекција на нивните ординации, па дури и заради задолжителното проветрување, тие имаат подолги паузи помеѓу приемите на пациенти.