Маската на белгиската министерка за здравство е хит на интернет (ФОТО)

од Aleksandar Petrovski
184 прегледи

Белгиската министерка за здравство, Меги Де Блок, во вторникот носеше необична маска за лице во парламентот за да го привлече вниманието на медиумите, а нејзините фотографии веднаш станаа вирални на социјалните мрежи.

На маската на Меги Де Блок е испечатено нејзиното лице, пишува Јутарњи.

Таа на својот профил на Твитер објави фотографија со маска на лицето и напиша дека сите приходи од продажба на маската одат во хуманитарни цели.

Во саботата, Белгија воведе обврска за носење на заштитни маски на многу затворени простори, вклучувајќи продавници, кина и музеи.

Белгија, која по смртност беше најтешко погодена од коронавирусот, успеа да ја доведе пандемијата под контрола и вчера објави, за прв пат од 10 март, дека нема жртви.