„Денеска имавме достоинствен изборен ден им благодариме на сите што гласаа, изјави на вечерашната прес-конференција“, Љупчо Николовски, генералениот секретар на СДСМ.

На прашањето колку мандати очекуваат од изборите, Николовски напомена дека СДСМ и коалицијата „Можеме“ очекуваат победа.
„СДСМ има огромно водство. Очекуваме сигурна побдеа за СДСМ и коалицијата „Можеме“. Она што тоа сега може да го споделиме, во оваа криза, е потребата од демократски процес, а очекувањата се дека ќе биде над 50 отсто излезеност, изјави Николовски.