Францускaтa политичаркa Агнес Паније Рунашер стана хит на социјалните мрежи поради нејзината панична реакција кога сфати дека оставила маска во службениот автомобил.

Државната секретарка за економија и финансии излезе од автомобилот, но по неколку секунди сфати дека не носи заштитна маска поради коронавирусот, па се обиде да го запре службениот автомобил, но не успеа.
Таа му покажуваше на своето обезбедување дека нема маска на лицето, по што една жена и донесе бела памучна маска, па државната секретарка веднаш ја стави и продолжи со протоколот.