Кисиќ: Можеби има 10 пати повеќе заразени во Србија

од Vladimir Zorba
357 прегледи

Проценето е дека има пет до 10 пати повеќе луѓе заразени со коронавирус, и затоа толку се инсистира да се почитуваат превентивните мерки, изјави денеска заменик директорот на Институтот Батут, Дарија Кисиќ Тепавчевиќ.

Одговарајќи на прашањата на новинарите, таа рече дека затоа сите треба да носиме маски и да се однесуваме како да сме потенцијални носители на коронавирусот.

„Можеби има некој во оваа просторија кој е заразен“, рече Кисиќ Тепавчевиќ на прес-конференцијата.

„Затоа се важни превентивните мерки што мора да се почитуваат, затоа што не знаеме дали го имаме вирусот или дали го има некој околу нас. Не само што не знаеме, но никој во светот не го знае тоа“, рече таа.