
Во изминатите 24 часа регистрирани се 116 нови случаи на инфекција со вирусот САРС-КоВ-2, а во Хрватска има вкупно 1.204 активни случаи, соопшти хрватскиот штаб за цивилна заштита.
Меѓу нив, 139 пациенти се во болница, од кои осум се на респиратор. Нема жртви.
Од 25 февруари, кога е забележан првиот случај на заразен во Хрватска, досега се евидентирани вкупно 4,253 лица заразени со новиот коронавирус, од кои 120 починале, а 2.929 се опоравиле.
Во моментот само 457 лица се во самоизолација. До денес, тестирани се вкупно 102.198 лица, од кои 1.338 во последните 24 часа.