Истече рокот за приговори до ДИК, поднесени вкупно 2.141

од Берта Китинска
335 прегледи

До Државната изборна комисија вечерва до 19:30 часот кога истекува рокот поднесени се вкупно 2.141 пригобори за сумирање и утврдување на резултатите од гласањето на изборите.

Попладнево пред истекот на рокот  1982 приговори поднеле од Левица, а порано денеска Алијансата за Албанците која на изборите настапува во коалиција со Алтернатива поднела 77 приговори. Претходно до синоќа беа поднесени 82 приговара, од кои најголем број – 74, се исто така од Алијанса за Албанците, но има и два од ВМРО-ДПМНЕ кои се однесуваат на сумирањето на резултатите од гласањето. СДСМ, како што најави, нема поднесено приговори за овие избори.

Синоќа во 21 часот, пак, заврши рокот за поднесување приговори за постапката за гласање.

Роковите за приговори почнаа да течат завчера вечер, откако ДИК ги објави неофицијалните конечни резултати од изборите.

По завршувањето на роковите за поднесување приговори, ДИК се очекува да закаже седница утре, а нјдоцна во понеделеник на која јавно ќе ги разгледа и ќе одлучува, по нив.

Слични содржини