Д-р Јанковиќ: Респираторот го спасува животот на оние што сигурно би умреле без него

од Vladimir Zorba
223 прегледи

Имунологот и член на Кризниот штаб на Србија, д-р Срѓа Јанковиќ, на прашањето на новинарите дали смртноста на пациентите кај респираторите е 50 проценти, тој ги потврди тие информации и додаде дека може да биде уште поголема.

„Респираторите, ако се почитуваат протоколите, стигнуваат само до оние на кои им се потребни, а тоа се најтешките случаи, респираторот го спасува животот на оние што сигурно би умреле без него“, рече Јанкловиќ.

Тој истакна дека е многу важно терапијата во болнички услови да ја спроведе тим предводен од инфектолог или пулмонолог и додаде дека кислородот се покажал како најважен во помагање на луѓето да не бидат ставени на респиратор.

Тој оцени дека ПЦР е многу сигурен начин за тестирање, а лажни негативни резултати можат да се појават кога пневмонијата е веќе присутна и вирусот исчезнал од фаринксот од каде се земаат примероците во моментот на земање мостри.

„Ако клиничката слика е многу јасна, суштината е да се повтори тестот, за да не биде лажно негативно“, рече Јанковиќ.

Тој потсети дека по првиот врв на првиот бран, направена е серолошка студија за населението, со која се утврдило дека стапката на инфекција на населението е нешто повисока од шест проценти.

„Сега тоа е секако повисоко, но ние сме далеку од каков било функционален колективен имунитет“, рече Јанковиќ.

Јанковиќ додаде дека помал процент од младите луѓе ќе имаат тешка клиничка слика заради нивните предиспозиции.

„Тоа е врвот на ледениот брег, но ако брегот е поголем и има повеќе заразени млади луѓе, врвот е исто така поголем“, рече Јанковиќ.

Тој рече дека маската не е апсолутно средство за заштита кога се користи индивидуално, но дека е голема колективна заштита ако сите носиме маски.

Апелираше до граѓаните да се однесуваат како сите да бидат потенцијално заразени, затоа што тоа е единствениот начин за сузбивање на епидемијата.