184
Четири нови лица позитивни на коронавирус се регистрирани во Тиквешко, за МИА утрово потврди доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при Центар за јавно здравје Кавадарци.
-Новозаболени во Кавадарци се жена на 52 години и 19 годишно момче кои се на домашно лекување и 53 годишен маж хоспитализиран на Инфективното одделение во велешката болница, појасни докторот. Во Неготино, нов позитивен случај е жена на 39 години, која е на домашно лекување.
Се утврдуваат контакти што ги имале, со цел нивна изолација.