Професорот по микробиологија Никола Пановски предлага полициски час ноќе и државен карантин на сопствен трошок за сите кои масовно ќе се собираат и журкаат, за да се намали ширењето на коронавирусот во Македонија.
-Полициски час кој би бил ноќе и нема да влијае на економијата или многу малку ќе влијае. Сепак рестораните би можеле надвор да работат до 22-23 часот за да се спречи шетањето на младите навечер. Видовме што се случува по сите градови и допрва што ќе се случува во август. Очигледно дека државата не може да ги контролира сите места. Дури и газдите се спремни да платат илјадници евра и друг начин не гледам. Ова со пазарни инспекитори итн… Јас предложив да се забранат таквите собирања, ако се случат полицијата да ги однесе во државен карантин на нивни трошок. Тоа е ригорозна мерка, изјави за Сител проф.д-р Никола Пановски, професор по микробиологија.