Заложничка криза во Украина: Вооружен со експлозив заробил 20 патници во автобус (ВИДЕО)

од Aleksandar Petrovski
119 прегледи

Во украинскиот град Лутск, вооружен маж со експлозив и оружје земал автобус со патници како заложници.

Според полицијата, во автобусот има околу 20 патници.

Центарот на градот е затворен за сообраќај.

Началникот на регионалната полиција, Јуриј Крошко, соопшти дека засега нема информации дека некој е повреден.

Напаѓачот на својот профил на Твитер објави дека е незадоволен од системот.

„Социјалните мрежи во моментов се следат. Нема никакви барања на неговиот профил. Само општи фрази, незадоволство од системот, но не кажа кои. Ние сè уште проучуваме, обидувајќи се да преговараме. Повикуваме, но тој не одговори на барањата“, рече Крошко.

Идентитетот на напаѓачот се проверува.