„Крај Вардарот Џез“ во паркот позади МКЦ

од Берта Китинска
429 прегледи

Во организација на дискографската куќа ПМГЏЕЗ на 23 и 24 јули, во паркот позади МКЦ ќе се одржи првото издание на фестивалот „Крај Вардарот Џез“. Во фокусот на фестивалот се македонските џез музичари и промоција на македонската џез музика.

Првата фестивалска вечер ќе почне во 19.45 часот со настапот на скопскиот џез музичар Филип Букршлиев, кој ќе отвири композиции од неговиот соло гитарски албум „Don’t go away mad because the Duke is not coming back“
Двете фестивалски вечери ќе се одвиваат согласно протоколите предвидени за организација на настани од овој тип, поради актуелната ситуација со коронавирусот.

Задолжително е носење маска, а столчињата ќе бидат поставени на 2 метри растојание. Бројот на посетители е ограничен на 300 седишта.

Слични содржини