Главниот шведски епидемиолог: Нашата стратегија се исплатеше, ја успоривме епидемијата на корона

од Aleksandar Petrovski
185 прегледи

Стратегијата на Шведска за борба против коронавирусот очигледно се исплатеше, според се поголемиот број меѓународни експерти, а здравствените власти на земјата се убедени во тоа.

Главниот шведскиот епидемиолог Андерс Тегнел вели дека тој е охрабрен од податоците што покажуваат дека бројот на тешки случаи на коронавирус значително се намали во последните неколку недели.

„Епидемијата се успорува сега, на начин на кој мислам дека мал број од нас веруваа пред една недела или повеќе“, рече Тегнел на прес-конференција.

Тој вели дека дневните стапки на смртност од КОВИД-19, како и бројот на заразени на интензивна нега, од април постепено забавува.

„Навистина е уште еден знак дека шведската стратегија делува. Можно е брзо да се забави инфекцијата со мерките што ги преземаме во Шведска“, рече Тегнел.

Во последните неколку дена, бројот на заразени беше околу 100, а вчера беа регистрирани само 20. Бројот на починати вчера беше 10, но десетина дена бројката беше едноцифрена.