705
Кометата Неовајс, најсветлата комета видлива од северната хемисфера последниве 25 години, влезе во орбитата на Меркур пред околу една недела.
Близината на Сонцето и топлината направија нејзината опашка да биде уште подолга и уште посветла. Кометата со дијаметар од околу пет километри, ќе мине крај Земјата, а најблиску до нас ќе биде за околу две недели.НАСА ја откри оваа комета во март. Нејзиното јадро е покриено со слоеви материјал кој датира од почетоците на нашиот Сончев систем, пред околу 4,6 милијарди години.
И скопјани имаа можност да уживаат во магичното небо.
Фото: Борче Поповски