Реалноста и животот ја надминале фантазијата во Пјаченца, Италија, каде беше уапсена група карабинери, а она што може да се прочита на скоро 400 страници од обвинението ја надминува секоја имагинација – тие се обвинети за трговија со дрога, примање украден имот, изнуда, нелегално апсење, тортура, лични повреди, проневера, злоупотреба на положбата …

Италијанскиот печат пишува за скандалот како за „земјотрес“, а италијанскиот министер за одбрана Лоренцо Герини бара објаснување зошто во тој случај потфрлил ланецот на команда и како е можно овие малверзации и злосторства да траеле три години.
Првично било објавено дека шестмина карабинери биле уапсени, но списокот се проширил и веќе достигнале 20 лица вклучени во скандалот.
И како што се најавува, тоа не е крај.
Касарната на карабинерите е ставена под полициска заштита заради потребите на истрагата, а еден од судиите рече дека касарната може да се смета за „криминална дупка“.
Уапсените се обвинети за трговија со дрога, примање украден имот, изнуда, нелегално апсење, тортура, лична повреда, проневера, злоупотреба на службена должност и идеолошки лаги.
Истражната судијка Грасиела Пардела на прес-конференцијата изјави дека, додека го прочитала предолгиот список на кривични дела извршени од оние што треба да се борат против криминалот, таа имала впечаток дека чита роман за мафијата.
Уапсените карабинери меѓусебно се фалеле со сличноста со криминалците.
Во прислушуваните разговори и тајно направени снимки, еден од уапсените вели: „Ние сме недостижни, ние сме Гомора“.
Ова е алузија на насловот на книгата за комората, „Гомора“, светски бестселер од писателот Роберт Савијан.
Истрагата утврди дека карабинерите ја одземале дрогата од добавувачите со цел да им ја дадат на други со кои ја делеле добивката, и организирале, како што се слуша од снимките „вистински оргии со дрога и ескорд девојки во касарната“.
Аудио снимките исто така откриваат како ги мачеле затворениците, се заканувале и затворале невини луѓе, изнудувале пари под закана од позицијата официри во карабинерите.
Еден од уапсените го принудил сопственикот на продавница за автомобили, со тепање и уништување на имот, да му продаде автомобил за 10.000 евра, наместо вистинската цена од 21.000 евра.
Главниот командант на карабинерите, генерал Џовани Нистри изјави дека ова е невидено и неприфатливо однесување, кое ризикува да му наштети на угледот на 110.000 карабинери, мажи и жени кои работат секој ден за да ги заштитат институциите и граѓаните.
Карабинерите се и паравоени и полуполициски дел од силите на редот во Италија.
Распространетата популарна верба е дека тие се идеолошки десничари и дека меѓу нив претежно се јужњаци.