Тригодишно девојче починало во Белгија од последиците од коронавирусот, пренесува АФП.
Засега не е познато дали девојчето претходно страдало од нешто, ниту како се заразило.

Да се потсетиме дека во претходните денови, Белгија забележа значително зголемување на бројот на пациенти со „Ковид-19“. Поради зголемувањето на бројот на ново заразени, белгискиот Совет за национална безбедност одлучи да воведе построги мерки со цел да се сузбие ширењето на инфекцијата.
Наместо најавената „петта фаза“ од напуштање на итните мерки, белгиските власти донесоа одлука за заострување на правилата и нови ограничувања. Новите мерки се однесуваат на задолжителното носење заштитни маски на сите јавни места, но и на прометните улици и маркети, следење на контакти на клиенти во кафулиња и барови, како и скратено работно време на дежурните ноќни продавници.