168
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе предлози за издавање казнени налози против 23 лица, обвинети за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.
– Спротивно на Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија, за време на определeниот полициски час, лицата се движеле на различни локации во градот, информираа од ОЈО.
Од Обвинителство соопштија дека за сите обвинети е предложена парични казни од 100 дневни глоби во висина од по 20 евра во денарска противвредност.