Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека смета дека земјата ќе излезе од кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот до средината на 2021 година, но дека се плаши од вториот бран на инфекција, пренесува Ројтерс.

Џонсон им рече на новинарите дека смета оти Велика Британија ќе биде на добар пат да ја надмине кризата предизвикана од пандемијата до средината на следната година.
Говорејќи за изминатата година што ја помина како Премиер на Велика Британија, Џонсон рече дека неговото искуство му кажува дека владата треба да биде побрза и да реагира побрзо на потребите на граѓаните.