
Во изминатите 24 часа во Црна Гора се потврдени 96 новозаболени лица со коронавирус од 677 анализирани примероци, соопшти Институтот за јавно здравје.
Пријавени се три смртни случаи на пациенти од Беране, Подгорица и Цетиње.
Вкупниот број на потврдени смртни случаи од почетокот на јуни е 33, се наведува во соопштението.
Вкупниот број на активни случаи на КОВИД-19 во Црна Гора во моментов е 1.979.