Остри мерки: Европска земја ги затвора ноќните клубови и кафулиња

од Nikola Popovski
146 прегледи

Владата на Каталонија во североисточна Шпанија наредила затворање на сите ноќни клубови и кафулиња во регионот во наредните две недели, како резултат на зголемувањето на бројот на заразени со коронавирусот.

Еден месец откако Шпанија ја укина вонредната состојба во градовите, вклучувајќи ги Барселона, Сарагоса и Мадрид, бројот на заразени е зголемен.

Шпанското Министерство за здравство објави дека уште 900 случаи на заболување се потврдени во последните 24 часа, а високото ниво на инфекција кај младите е особена загриженост.

Франција ги предупреди граѓаните да не патуваат во Каталонија, а Норвешка најави карантин за шпанските граѓани, според извештаите на медиумите.

Во Шпанија досега биле заразени 319.501 лица, додека 28.432 лица починале.