Возач на патнички автомобил утрово повредил седум лица во Берлин кога, без кочење, влетал во група луѓе на градскиот плоштад.
Според германските медиуми, возачот на автомобилот покосил група луѓе во Харденбергплац.
Едно лице било прегазено и се нашло под автомобилот, па морала да се реанимирана во блиската болница. Седум лица се здобиле со полесни и делумно сериозни повреди. Возачот на автомобилот е уапсен, а позадината на случајот не е позната, пренесуваат германските медиуми.
https://www.youtube.com/watch?v=YTYd12zWUxU&feature=emb_title